Градоначалникот Алексовски организираше прием за пензионерите

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, денес организираше свечен прием за пензионерите кои се закитија со златни и сребрени медали на 21-те Републички спортски игри одржана на 3 септември во Радовиш.

Приемот се одржа во малата сала при локалната самоуправа на општината, а покрај наградените пензионери присуствуваше и раководството на Здружението на старосни и семејни пензионери од Крива Паланка и Ранковце, претседателот Славко Стојановски, потпретседателот  Арсен Илиевски, секретарот, Благоја Николовски и претставниците од екипите во слободни фрлања во кош, пикадо и шах.

-На секој успех треба да му се радуваме, а посебна чест ми е да им оддадам признание на пензионерите, да им честитам во име на општината и во мое лично име за заложбите на победниците и да ги охрабрам оние кои не победиле да бидат поуспешни следнито пат. Здружението на пензионери од нашиот град треба да ни служи како пример како се работи кога си организиран и посветен во остварувањето на целите, токму во овие времиња, тие се сплотени како едно, како вистински Македонци и ние треба да го следиме нивнито пример-изјави градоначалникот Алексовски во обраќањето.

Тој рече дека одличната соработка со пензионерите ќе продолжи, бидејќи и досега, нагласи, со нивната конструктивност биле релизирани повеќе заеднички и значајни проекти и активности во општината.

Претседателот на Здружението на старосни и семејни пензионери од Крива Паланка и Ранковце, Славко Стојановски , информира дека ова е огромен успех постигнат на пензионерските спортски здружувања кои се организираа во пресрет на големито јубилеј 70-години пензионерско здружување во Македонија.

– На 21 Републички пензионерски игри учествуваа над 500 пензионери од 54 здруженија од Македонија, а ние се претставивме со три екипи. По големиот успех пред 10 години, повторно освоивме медали, екипата во пикадо го повтори успехоти и освои второ место, додека златните одличја освоени во слободни фрлања во кош , особено не израдуваа, бидејќи прв пат е воведена оваа дисциплина и ние сме првите освојувачи на највисокото признание. Екипата во шах која по регионалното се пласираше на државното натпреварување заврши осмопласирана-изјави Стојановски.

Благоја Николовски, секретар на здружението, рече дека со овој успех Кривопаланечките пензионери ја оправдале довербата укажана со доделувањето на највисокото општинско признание „Осмооктомвриската награда“ во 2015 година и покажале дека е доделена во вистински раце.

Здружението на старосни и семејни пензионери од Крива Паланка и Ранковце е формирано во 1968 година и брои 3087 членови. Во 2006 година на пензионерските спортски игри во Крани, Преспа, Катица Борисовска го освои пехарот за пикадо-мајстор.
Големиот јубилеј 70 години пензионерско здружување во државата ќе биде прославен на 20 септември во Домот на Армијата во Скопје, со свечена академија на која ќе бидат доделени признанија за особени заслуги во развојот и поддршката на пензионерите, а еден од нив ќе биде и градоначалникот Алексовски.

14362664_1084024978346873_4305909858197206631_o 14311312_1084025215013516_4190642723939119305_o 14311309_1084024965013541_1227105630201997932_o 14289844_1084025401680164_3740961268661845065_o 14257502_1084025175013520_4500944957867928057_o

Големина на фонт
Контраст