Во организација на Здружението за заштита на маргинализирани групи „Pink Support“ Македонија во Крива Паланка се одржа Розева трка, под мотото „И јас трчам за Ведран“. Бројни спортисти и хумани граѓани ги минаа трките на 3 и 10 километри, а ревијално за поддршка на 10-годишниот Ведран Велиновски, момчето-херој кое ги преживеа поплавите од 6 август во скопско, трчаа и дечињата од градот.
Трката е во организација на Здружението за заштита на маргинализирани групи „Pink Support“ Македонија, а се одржа со поддршка на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и бројни поддржувачи на спортот и хуманоста.
Победник на трикилометарската рута е Богдан Цветковски, рекративец, додека во трката на 10 километри прв заврши Игор јакимовски, професионален атлетичар, двајцата од Скопје.
Трката беше посветена на десетгодишниот Ведран Велиновски, херојот од поплавите во скопско, а неговите најблиски искажаа огромна благодарност.
Организаторот истакна дека настанот беше и во спомен на нејзините драги луѓе Марјан Носталгија и Билјана Џидрова-Пакич, но инспирација и поддршка за херојот Ведран. Трката ја поддржаа и велосипедистите „Macedonian Bike Riders“ кои возеа рута 100+100 километри, Скопје – К.Паланка- Скопје.
Ведран учествуваше во трката на 3 километри и на целта стаса втор.