Прием за учесниците на ликовната колонија

На ден 13.09 2010 г. Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски организираше пригоден прием за учесниците на ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.
Координаторот на колонијата Јордан Михајловски, пред присутните, се заблагодари за подршаката и соработката со Општината, која за прв пат се воспостави минатата година, по инцијатива на Градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Градоначалникот, како член на Настојателството и член на Управниот одбор на ликовната колонија, со особен интерес и емоции ги сослуша пофалните зборови за колонијата и воопшто, одушевувањето на учесниците од убавините на манастирот и прекрасната природа, гостопримливоста и љубезноста на домаќините и луѓето. Како што истакнаа и самите, колонијата ги надминува нивните очекувања во секој поглед и оттука ќе заминат со прекрасни впечатоци и искрена желба  што поскоро пак да се вратат.

 

Градоначалникот Арсенчо Алексовски на крајот им посака успешна работа на учесниците и го потенцира нивниот особен придонес во развојот на ликовната култура и творештво како и своевидната амбасадорска улога што нивниот труд и дела ги носат низ светот.

Големина на фонт
Контраст