„Претстава“ новиот роман од современиот македонски писател Гоце Ристовски вчера беше промовиран во Градскиот музеј во Крива Паланка во рамки на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
Книгата ја промовираше публицистот Ставре Џиков, а извадоци од делото читаше актерот Владо Денчов.
Ристовски е автор и на две книги раскази, две антологии на македонската драма, една научна студија, четири монографии и повеќе преводи на литературни и историски дела од српски и бугарски јазик и еден драмски текст.