На 14.09.2010 година, со почеток во 19:00 часот, пред многубројната кривопаланечка публика, во кино-салата при НУ Центар за култура – Крива Паланка, се оддржа свечена промоција на МОНОГРАФИЈА на нашата драга сограѓанка, г-ѓа Милица Стојанова, доајенот на македонската драмска и театарска уметност.
Свое видување имаше и професорот на Американски колеџ и драмскиот критичар, г-дин Иван Додовски, кој се наврати на драмските достигнувања на г-ѓа Стојанова.
Белег на настанот остави и поздравниот говор на Градоначалникот на општина Крива Паланка, г-дин Арсенчо Алексовски, кој се заблагодари на уметничката за достојната презентација на родниот град низ целата нејзина плодна и успешна кариера.
– Малку е, ако едноставно кажам, дека сме горди што сме сограѓани, пријатели, познаници, што го имаме истото потекло со актерската легенда или како што ние ја нарекуваме, со нашата Милица. Во неа живее Крива Паланка, а таа е еден од нашите најголеми културни амбасадори во земјава и на балканот. По нејзиното име многумина не препознаваат и не поистоветуваат. Нејзината актерска, но и животна приказна, и денес се памети и се раскажува низ кривопаланечките сокаци, меѓу нејзините современици, но и меѓу новите генерации,истакна Градоначалникот Алексовски.
Овој настан е всушност увертира на вториот по ред Меѓународен театарски фестивал, кој треба да започне на 15.09.2010 година во 19:00 часот, со претставата МУШИЧКА на Народниот театар Јордан Хаџи-Константинов Џинот од Велес.
Говор на Градоначалникот на промоцијата на Монографијата