Градоначалникот Алексовски присуствуваше на Конференција на градоначалници за европска регионална соработка во Гњилање – Косово

Во Среда 28 септември 2016 година се одржа Конференција на градоначалници за европска регионална соработка во Гњилање – Косово. На конференција присуствуваа градоначалници од повеќе општини од Косово, Србија и Македонија како и претставници од Европската комисија, експерти за регионална соработка и европски интеграциони експерти.  Темата на истата беше размена на искуства во регионалните практики во Западен Балкан и за идентификација на можностите за размена на добри практики и потикнување на соработка во областите на заеднички интерес на локаните власти. Поконкретно се разговараше за прекуграничната соработка помеѓу Косово, Македонија и Србија.

Целта на настанот е промоција на регионалниот дијалог како фундаментален процес на заедничка соработка и разбирање помеѓу градоначалниците на општините од Косово, Србија и Македонија.

Градоначалникот Алексовски во своето излагање истакна дека станува збор за средства кои треба да бидат искористени, како и дека проектите со кои ќе биде аплицирано се значајни и се од особена важност за Општините, а самиот настан претставува напор на Европската комисија да ги зближи општините при аплицирање, да ја развие меѓуопштинската соработка со цел истите да соработуваат како пријатели, а не како непријатели.

Од конференцијата произлегоа заклучоците да се промовира одржливиот социо-економски развој и севкупниот просперитет на регионот.

k1 k2

Големина на фонт
Контраст