Општина Крива Паланка во рамките на Програмата за тековно одржување на локални улици и патишта за 2016 година, а по претходна Одлука на Совет на Општина Крива Паланка, на 1 октомври 2016 година изврши асфалтирање на игралиштето во рамките на дворот на Основното училиште „Јоаким Крчовски“. Асфалтирана е површина од 520 м2, а игралиштето го користи училиштето за изведување на часовите по физичко воспитување.
Изведувач на градежните работи е градежната фирма „Лабино – Трејд“ од Гостивар. Градежните активности продолжуваат и во текот на наредните денови согласно предвидената динамика и временските услови.