Одбележан претстојниот празник 8 Октомври, Денот на ослободувањето на Крива Паланка

Со свечена седница на Советот на општина Крива Паланка, полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ како и свечено пуштање во употреба на два веќе реализирани проекти вчера беше одбележан претстојниот празник 8 Октомври,  Денот на ослободувањето на Крива Паланка.

На свечената седница присуствуваше делегација од  збратимениот град Лугож од Романија предводена од градоначалникот  г. Франсис Болдеа, директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Билјана Вуковиќ, пратениците во собранието на РМ, Слаѓана Митовска и Трајчо Димков,  поранешните градоначалници на општина Крива Паланка,  претставници од МПЦ и останати гости.

– Голема чест е да се твори и вложува за развојот на сопствената општина, да се создава за разубавување, подобрување на инфраструктурата, културата, спортот и образованието, се во интерес на напредокот на градот. За тоа сме вложиле многу, јас и мојот тим во изминатите 8 години работевме посветено реализирајќи бројни проекти со буџетски средства и со огромна поддршка од Владата на РМ, истакна во обраќањето градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЛЕКСОВСКИ НА СВЕЧЕНАТА СЕДНИЦА

https://www.youtube.com/watch?v=U87sc2_Fi1o&feature=youtu.be

На седницата беше доделена наградата „8-ми Октомври“ која годинава му припадна на кривопаланчанецот Цоне Крстевски за придонес во областа на археологијата, а во категоријата на институции наградата беше доделена на СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка.

Одлука за доделување на наградата „8-ми Октомври“

Од страна на Здружението на пензионери на Крива Паланка и Ранковце во име на Сојузот на здруженија на пензионери на РМ на седницата му беше врачена и плакета за особени заслуги и поддршка на градоначалникот Алексовски.

Градоначалникот Алексовски воедно приликата ја искористи да врачи плакета  на директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, Билјана Вуковиќ, во знак на  благодарност за досегашната успешна соработка.

По свечената седница беше положено цвеќе на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда. Агендата настани продолжи со официјално пуштање во употреба два патни правци во општината, локален патен правец во село Варовиште до манастирот Свети Јоаким Осоговски и патот во најнаселениот дел на село Жидилово.  Програмата продолжи со изложба на збирка уметнички фотографии од Ѓорѓи Кoстoвски, со наслов „8 години Театарски фестивал Свети Јоаким Осоговски“, во уметничката галерија при ЛУ Градски музеј во Крива Паланка.

[embpicasa id=”6338616388287558225″]

Големина на фонт
Контраст