Со буџетски средства на локалната самоуправа на Крива Паланка асфалтиран е пристапниот пат во населба Грамаѓе. Патот е со должина од околу 350 метри и ги поврзува Мезовски ливади и село Градец со магистралниот пат М2.
Во овој реон живеат голем број жители кои имаат свои поседи, земјоделски површини кои ги обработуваат, викенд-куќи кои често ги претвораат во домови, во последно време, населувајќи се токму во овој дел од градот каде минува Крива Река.