Општина Крива Паланка инвестираше во изградба на пешачка патека, како продолжеток на патеката од „Градечки мост до Лилјаков мост“ изградена во рамките на мајор коритото на Крива Река.
Изведувач на градежните работи е фирмата Дине Трејд ДООЕЛ од Крива Паланка.
Патеката има должина од 450 метри и широчина од 2,0 метри,изработена од армиран бетон со завршен слој од камени плочи. Во рамките на истата е изведен и армирано бетонски мост за премин преку Дурачка Река на самиот спој на Дурачка Река и Крива Река, на кој е монтирана и соодветна ограда. Исто така патеката ќе содржи и амбиентален дел обработен со бехатон плочки, како и скали за излез на пешаците на горното ниво. Цената на оваа делница е околу 2.000.000 денари.
[embpicasa id=”6348725981251948081″]