ТППЕ на Крива Паланка со ново теренско возило

На 07.11.2016 во кругот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на Градоначалникот на Општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски му беше предадено теренско возило Wolksvagen Amarok 2.0 TDI од страна на директорот г.Шабан Салиу. Возилото е доделено согласно одлуката на владата на РМ за потребите на ТППЕ – Општина Крива Паланка.

Возилото е опремено со пумпа за висок притисок со максимален капацитет од 100 бара, резервоар за вода од 300 литри и екстрат за пена од 60 л.

Возилото е наменето за гасење на пожари на отворен простор а може да се користи и за пожари во урбана средина, како и за гасење на пожари на сообракајни возила.

[embpicasa id=”6350503687026919153″]

Големина на фонт
Контраст