Денеска во кабинетот на градоначалникот Алексовски беа потпишани договорите со фирмите Цвет Компани-Скопје и АД Фабрика Карпош – Скопје кои беа избрани за имплементација на проектите финсирани од Европската унија преку Министерството за финансии на РМ.
На барање на Владата на РМ, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од Светска банка.
Во таа насока Општина Крива Паланка доби право на користење на средства од ЕУ грантот за помош со кој ќе бидат финансирани проектите:
- „Изградба на локален пат во с.Конопница – спој со А-2“ ,
- „Реконструкција на локален патен правец Крива Паланка – с.Конопница локација м.Стамболици-м.Кула-м.Црква “,
- „Изградба на дел од пристапна улица Ацо Шопов н.м. Лозаново крак 1“ како и
- Проектот „Регулација на дел од Белевски дол“.
Врз основа на доставените извештаи за спроведената евалуација на тендерската документација, МСИП одобри реализација на проектите.
За реализација на горенаведените проекти беа изберени фирмите Цвет Компани-Скопје и АД Фабрика Карпош – Скопје.