Денеска 03.12.2016 година во Големата Сала на Општина Крива Паланка се одржа настанот „Симболично одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Тораница “ – Крива Паланка. Настанот се одржа во соработка со компанијата „Минстрој“ од Република Бугарија и „Булмак 2016“ од Република Македонија. Компанијата „Булмак 2016“ е основана од страна на компанијата Минстрој Република Бугарија и оваа компанија ја доби дозволата за експлоатација на олово и цинк од Рудниците „Тораница“ во Крива Паланка и „Злетово“ во Пробиштип. Годишната концесија изнесува два милиона евра, најавени се вработувања на околу 1.000 лица во двата рудника и инвестиција од 20 милиони евра.
Градоначалникот на општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски истакна дека Крива Паланка е отворена за инвестиции кои претставуваат добробит не само за Крива Паланка туку и за Република Македонија, дека претставува враќање на работа на работоспособното население со големо искуство позади себе во областа на рударството, нови вработувања во зависност од потребите на концесионерот, подобрување на економијата, на локалниот економски развој, подобрување на конкурентноста, подобрување на сите аспекти за лично и колективно живеење. Воедно ја истакна благодараноста кон Владата на Република Македонија и кон концесионерот „Булмак 2016“, а исто така упати апел со заеднички напори да се оди кон подобрување на сите аспекти поврзани со експлоатација на рудата во поглед на условите за работа, технологијата, општествената одговорност, меѓусебната соработка и дијалог. На крајот на своето излагање посака добра и успешна работа на концесионерот, подобри услови за работа и поголема плата на рударите, поразвиена општина, употребувајќи го добро познатиот рударски израз „СРЕЌНО“.
На настанот беше наведено дека во рудникот „Тораница“ моментално се ангажирани 210 работници, инженери, стручни лица и рудари, со најава на зголемување на бројот на работници.
Од страна на Претседателот на Бордот на Директор на концесионерот Минстрој проф. дтн.инж. Николај Влканов беа наведени сите превземени работи за подготовка на рудникот Торница, неопходни за почеток со работа, дека се набавени нови машини, нови технологии до март 2017 година се очекуваат пристигање на нови машини за експлоатација по чие пристигање рудникот ќе почне со работа во полн интензитет. Во поглед на платите истакна дека секој од работниците ќе ја добие платата и надоместокот кои ги заработиле, дека истите ќе бидат навремени, редовни и исплаќни навреме.
На настанот присуствуваа и Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Премиерот Димитриев истака дека за самото рестартирање се вложени напори и енергија за пронаоѓање на нов инвеститор, дека во рудникот Тораница во моментот се вработени 210 лица кој број за кратко време ќе се зголеми на 450 директни вработувања, а покрај тоа ќе има и други индиректни вработувања кои ќе бидат поврзани со работата на рудникот. Беше истакнато дека платите веќе се покачени за околу 50-60% .
Вицепремиерот Пешевски истака дека рестартирањето е дадно од ветувањата на Владата на Р. Македонија, самиот избор на инвеститор е извршен во фер и транспарентна постапка и е избран најдобриот понудувач -компанијата „Булмак 2016“ која ќе стопанисува со двата рудника. Наведе дека моментално во двата рудника, работат околу 500 рудари, а со почетокот на работа во полн капацитет, бројот на директни вработувања ќе достигне над 900 – со што ќе се раздвижи и локалната економија во Крива Паланка и Прибиштип. Покрај директните вработувања се очекуваат и индиректни вработувања во компании кои ќе соработуваат со концесионерот и бројот на вкупни работни места би бил околу 1.500 лица.
Покрај наведените гости, на настанот присуствуваа Пратеничката од Крива Паланка во Собранието на Р. Македонија Слаѓана Митовска, Амбасадорот на Р. Бугарија во Р. Македонија, Високи Претставници и Управители кај концесионерот, Советници при Советот на Општина Крива Паланка, Раководители и Директори на Владини институции и институции под надлежност на Општина Крива Паланка, како и други гости.