На XXII Меѓународен натпревар „Утринска ѕвезда“ што се одржа на 23 декември во Банско, Р.Бугарија, учениците од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски, го потврдија своето високо реноме. Имено, на овој натпревар учениците освоија една прва награда и златен медал, три втори награди – еден пехар и две сребрени медали и една трета награда и бронзен медал.
Во дисциплина пијано (соло):
Михаил Митовски – I награда
Леон Јанковски – II награда
Валерија Митовска – II награда;
Во дисциплина камерна музика / нонет – II награда
- Бојан Ѓорѓиевски
- Јан Митовски
- Давор Цековски
- Матеј Георгиевски
- Валерија Митовска
- Ана Ангеловска
- Валентина Димитровска
- Михаела Маџовска
- Марија Павловска
Во дисциплина камерна музика / трио – II награда
- Бојан Ѓорѓиевски
- Јан Митовски
- Марија Павловска
На учениците им ги честитаме освоените високи места и награди и им посакуваме големи успеси на идните натпревари.