Издавање на лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници

Вид - Име на услугата
Издавање на лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници
Потребни документи

1.Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за урбанизам,  сообраќај и заштита на животна средина -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува
2. Доказ копија решение од упис во централен регистер за регистрирана главна/приходна дејност- вршење градски и приградски превоз на патници, не постаро од 60 дена
3. Копие од сертификата за професионална компетентност на управителот или одговорното лице на фирмата
4.Доказ дека превозникот е сопственик или договор за лизинг на едно или повеќе возила за вршење на превоз на патници (коопија од сообраќајнa дозволa, договор, заверени кај нотар)
5. Потврда за исполнување на посебните техничко експлоатациони услови на возилата ( издадена од станицата за технички преглед на возилата)
6. Доказ дека има вработено возачи (обрасци М1/М2) не постаро од 90 дена
7. Доказ за вграден, исправен и баждарен апарат
8. Доказ дека во возилото има вграден фискален апарат
9. Доказ дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај ( потврда од надлежниот судски орган) не постара од 60 дена
10. Копија од актот за поседување на сопствен капацитет за паркирање и одржување на возилата или договор за користење на таков, со важност од најмалку 4 години.
11. Уплатница од 600 денари  за дозвола за определена линија

Административна такса

Административна такса ЗАТ 15/1

Износ: 6.000 денари Сметка: 100000000063095

Уплатна сметка: 840 138 03182

Приходна шифра: 72231500

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка

Банка на примач: НБРМ

Цел: издавање на лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

Место на реализација

Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина

Рок на реализација

Во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:

  • лично подигање од  ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по ПТТ пошта
Рок на жалба

8 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 68/04 и бр. 127/06)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината  www.krivapalanka.gov.mk

Големина на фонт
Контраст