Издавање на Решение за комунална такса (фирмарина) по барање на граѓанин/клиент

Вид - Име на услугата
Издавање на Решение за комунална такса (фирмарина) по барање на граѓанин/клиент
Потребни документи
  1. Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за финансиски прашања-готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува
  2. Решение за регистрирање на фирма или друг деловен субјект издадено од Централен регистар на РСМ
  3. Уплатница
Административна такса

Административна такса

Износ: 50 денари

Сметка:  100000000063095

Уплатна сметка:  840 138 03182

Приходна шифра:  722315 00

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка

Банка на примач: НБРМ

Цел: Решение  за комунална такса

Прием на барањето

Писмено барање се поднесува лично или по пошта во архивата на општината, Oпштински центар за услуги

Место на реализација

Одделение за финансиски прашања

Се изготвува  Решение за комунална такса

Рок на реализација

Во рок од  10 дена од денот на приемот на Барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:

  • Лично подигање од  архивата- ОЦУ  од страна на подносителот – барателот на услугата
  • По ПТТ пошта
Рок на жалба

Против Решението на градоначалникот може да се поведе управен спор со поднесување тужба до Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на Решението (Согласно член 52 од Законот за данок на имот – Службен весник на РМ 61/04…23/2016)

Законски основ

Закон за комунални такси, член 9 став 1  (Службен весник на РМ бр.61/04..23/2016) и тарифа 1 од Одлука за утврдување на висината на комунални такси од Општина Крива Паланка (Службен гласник на Општина Крива Паланка бр.6/12)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне  и од web страната на Општината www.krivaplanka.gov.mk

Големина на фонт
Контраст