Одобрение за изградба на пристапен пат до општински пат

Вид - Име на услугата
Одобрение за изградба на пристапен пат до општински пат
Потребни документи
  1. Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина -готов образец во ОЦУ -кој граѓанинот/клиент го пополнува
  2. Доказ за сопственост на објектот или доказ за пренесено право на користење на објектот за кој се бара одобрение
  3. Сообраќајниот проект со приложено решение и извод од важечкиот урбанистички план (проект) со конкретна намена на локацијата
    Согласност за пристапен пат од Министерството за внатрешни работи
  4. Доказ за одобрен урбанистички проект или за одобрена урбанистичка планска документација или договор за концесија на минерални или други суровини склучен со надлежен орган
  5. При изградба на пристапен пат од концесионо поле до јавен пат договор за концесија од Министерство за економија
  6. Решение за утврден режим на сообраќај добиено од Министерството за транспорт и врски
  7. Доказ за платен надоместок за издавање на одобрение за пристапен пат
  8. Причините заради кои е прекинат легален пристапен пат до наведените објекти, со приложена комплетна документација
  9. Согласност од ЈП за водоснабдување и канализација, сопственик на подземна инфраструктура
  10. Согласност од давател на телекомуникациски услуги
  11. Согласност од други иматели на подземна и надземна инфраструктура
Административна такса

Административна такса, Тарифен број  22

Износ: 3000 денари.

Сметка: 100000000063095

Уплатна сметка: 840 138 03182

Приходна шифра: 72231500

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка

Банка на примач: НБРМ

Цел: одобрение за изградба на пристапен пат до општински пат

Прием на барањето

Општински центар за услуги (ОЦУ)

 

Место на реализација

Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на житовна средина

Рок на реализација

Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

Начин на доставување на услугата / документот

На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:
– лично подигање од страна на подносителот
– по ПТТ пошта

Рок на жалба

8 дена од денот на приемот на решението

Законски основ

Закон за јавните патишта, член 46 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 84/08)

Забелешка

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината www.krivaplanka.gov.mk

Големина на фонт
Контраст