- Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура -готов образец во ОЦУ – кој граѓанинот/клиент го пополнува (во барањето да се наведе образложение за причините зошто се бара ослободувањето)
- Фотокопие од последна платена сметка за потрошена електрична енергија
- Фотокопие од лична карта
- Уплатница за административна такса
Административна такса
Износ: 50 денари.
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 840 138 03182
Приходна шифра: 72231500
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива
Паланка
Банка на примач: НБРМ
Цел: барање
Општински центар за услуги (ОЦУ)
Одделение за изградба и одржување на комунална инфраструктура
Во рок од 15 дена од денот на приемот на Барањето ќе биде изготвен одговор на барањето и доколку барањето е оправдано ќе биде проследено до Советот на општината на одлучување. По донесување на позитивна Одлука од страна на Советот на општината, истата се проследува за извршување до надлежна служба на ЕВН-Македонија.
На начин кој барателот го има наведено во барањето:
- лично подигање од ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
- по пошта – со достава на адреса на барателот
Закон за комунални такси (Службен весник на РМ, бр.61/04 и измени 64/05, 92/07, 123/12, 154/15,192/15, 23/16)