- Барање до Општина Крива Паланка, Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот го пополнува
- Уплатница -150 денари за направени трошоци за лиценца и извод од лиценца, за секое возило поединечно, на сметка на буџетот на Општина Кр.Паланка , ж.см .738014050963016 пр.шифра 72593900
- Уплатница за платена административна такса во износ од 3000 ден за лиценца и 600 ден. за извод од лиценца за секое возило поединечно, на сметка на буџетот на Општина Кр.Паланка , ж.с. 738014050963016 пр.шифра 725939
- Уплатница – 2400 денари за платен надоместок за користење на авто-такси стојалиште за тековната година уплатна сметка 84013803322 пр.шифра 71713600, за секое возило поединечно
- Копија од решението за упис во централен регистар со приоритетна дејност/главна приходна шифра (такси служба) вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај вршење превоз на патници – тековна состојба од Ц.Р. (се прибавува по службена должност)
- Потврда дека не е во сила правосилна судска одлука за кривично дело против имотот, стопанство или безбедност во јавниот сообраќај и правосилна судска пресуда за други казниви дела со затворска казна подолга од една година за правното лице и одговорното лице во правното лице односно физичко лице кое сака да извршува превоз во патниот сообраќај (се прибавува по службена должност).
- Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно овластено лице во редовен работен однос, освен за трговец поединец кој врши авто такси превоз со едно возило
- Копии од М1/ М2 образец за вработените возачи (се прибавува по службена должност).
- Доказ дека превозникот е сопственик или договор за лизинг на едно или повеќе возила за вршење на авто такси превоз на патници ( копија од сообраќајна дозвола од такси возилото во сопственост на превозникот на ДОЕЛ и на ТП на име на фирма или на лизинг)
- Доказ дека во возилото со кое се врши авто такси превоз има вграден фискален апарат – Решение за податоци на фискален систем опрема (се прибавува по службена должност).
- Доказ дека во возилото има исправен, пломбиран и баждарен таксиметар- Сертификат за верификација на мерило од Биро за метрологија, Министерство за економија
- Доказ дека превозникот поседува опрема за комуникација со такси возилата
- Список на таски возила и возачи (Образец 1)
- Копија од сертификат за авто такси возач
- Копија од потврда за исполнетост на посебните техничко експлоатациони услови, издадена од станица за технички преглед на моторни возила, за секое возило поединечно – (напомена: во оценка за исполнување услови да стои од членовите 3,4 и 26 од Правилникот за посебните техничкоексплоатациони услови „Службен весник на РМ“ бр. 212/2015)
Административна такса за лиценца
Износ: 3000 денари и 600 ден. за секое возило поединечно
Сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 738014050963016
Приходна шифра: 725939
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка
Банка на примач: НБРМ
Цел: издавање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници
Други надоместоци
Надоместок за користење на такси стојалишта
Износ: 2400 денари
Сметка на буџетски корисник 840 138 03322
Приходна шифра: 71713600
Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Крива Паланка
Банка на примач: НБРМ
Општински центар за услуги (ОЦУ) – архива
Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина од 08:30 – 15:30 часот
Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето
На начин кој барателот го има наведено во барањето и тоа:
– ЛИЧНО ПОДИГАЊЕ ОД СТРАНА НА ПОДНОСИТЕЛОТ
– ПО ПОШТА
8 дена од денот на приемот на решението
Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19 и 67/22)
Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината www.krivapalanka.gov.mk