Воспоставете контакт со градоначалникот на Општина Крива Паланка. Поставете прашање, дајте коментар или сугестија во врска со работите кои се во надлежност на градоначалникот.
Системот ви овозможува во секое време од денот, седум дена во неделата, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.
Преглед на Буџетот на Општина Крива Паланка, завршните сметки и податоците за финансиското работење на Општината.
Интеграцијата на ЕСЈН со институциите овозможува прикажување на податоците за јавни набавки по објавување на годишниот план, огласи, известувања за склучени договори и известувања за реализиран договор на ЕСЈН, директно на веб страницата на општината.
Општина Крива Паланка согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер е имател на информации. Барањата може да се достават до службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Електронскиот регистар на услуги е база на сите административни постапки кои се во надлежност на општината. Регистарот содржи информации за потребните документи, административни такси и потребни обрасци за секоја административна постапка.
Системот за градежна дозвола им овозможува на подносителите брзо и едноставно поднесување на барања поврзани со градба. Подносителите може да поднесуваат барање во било кое време и од било кое место.
Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок, а врз основа на Вашето поднесено барање.
Веб ГИС апликацијата овозможува пристап до дел од ГИС базата на податоци на Општина Крива Паланка и овозможува ГИС податоците и содржините да се пребаруват, анализираат и презентираат.
Издавање на Б интегрирани дозволи кои се во надлежност на единиците на локална самоуправа. Инсталациите што подлежат на овие дозволи треба да бидат во согласност со стандардите за гранични емисиони вредности.
Системот за електронски постапки за урбанистички планови има за цел да го олесни процесот за донесување на постапки за урбанистички планови, пред се да обезбеди брза и лесна комуникација помеѓу засегнатите страни во целиот тек на донесувањето на постапката.