Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 39-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 27.01.2017 година (петок) во 15,00 часот.
Д н е в е н р е д:
- Предлог – Информација за превземени мерки и активности во текот на второто полугодие од 2016 година на ПС од ОН – Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за извршени работи на информации од јавен карактер за период од 01.01.2016 до 31.12.2016 година;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за поставување на урбана опрема на територијата на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2712 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка – за Ефтимије Коцевски и Љупчо Коцевски;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2853/1 и 2853/3 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка – за Љупчо Николовски;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 4587/2 во КО Крива Паланка, Општина Крива Паланка – за Љупчо Ристовски;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 6985/1 и 6986/1 во КО Трново Општина Крива Паланка – за Стојне Павловски; и
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2017 година.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
М-р. Борче Стојчевски,с.р.