Одбележување на Денот на Европа, 9 Мај

Во чест на Денот на Европа „9-ти Мај“, Општина Крива Паланка, во соработка со ЕУ инфо центарот и Делегацијата на ЕУ во РМ, организира пригодни свечености во прилог на европскиот идентитет на сите народи на европскот континент.

По тој повод, на 9 мај (вторник) ќе се одржи настан во Центар за култура во Крива Паланка со почеток во 12 часот.

На свеченоста свое обраќање ќе има градоначалникот на Крива Паланка, г. Арсенчо Аексовски.   

Настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма на која ќе настапат учениците од двете основните училишта во општината, фолклорните друштва, КУД Карпош, КУЗ Фолклористи и КУД 8-ми Октомври, како  и најмладите од детската градинка „Детелинка“. Погледот кон Европа, преку перото и боите на младите уметници,  ќе го доловат членовите на Ликовниот клуб при НУ Центар за култура од Крива Паланка и основците и средношколците со свои ликовни перформанси. Дел од манифестацијата се и повеќе невладини организации со презентација на своите европски проекти.

Ве покануваме, пригодно да ја одбележиме големата европска идеја за единство, приврзаност, взаемно почитување и заеднички вредности.

 

                                                                              Општина Крива Паланка

                                                                                  Градоначалник

                                                                             Арсенчо Алексовски

Големина на фонт
Контраст