Дневен ред на 45-та седница на Совет на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 45-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 18.07.2017 година (вторник) во 15,00 часот.

Д н е в е н   р е д:

Усвојувње на Записник од 44-та седница на Советот.

  1.  Предлог – Одлука за давање согласност за прифаќаање на Договорот и овластување на градоначалникот за потпишување на Договор за спроведување на проекти за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Североисточниот плански регион во рамките на ИПА 2;
  2. Предлог – Информација за превземени мерки и активности во текот на првото полугодие од 2017 година;
  3. Предлог – Одлука за давање на приоритет на проект „Доизградба на регулација на Скрљавски дол“ – Крива Палнака;
  4. Предлог – Одлука за давање на приоритет на проект „Изградба и регулација на дел од Бабин Дол и пешачка патека појра регулација с. Варовиште“ – Крива Паланка;
  5. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.2680 во КО Крива Палнака, Општина Крива Паланка, сопственост на РМ; и
  6. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп.бр.745 во КО Лозаново, Општина Крива Паланка, сопственост на Ѓорѓиевски Боре, Здравковскли Филип, Мицовски Добре, Стоименовски Драго, Цековска Јана и Ѓорѓиевски Велибор.

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Претседател,

м-р Борче Стојчевски, с.р.

 

                                                              

Големина на фонт
Контраст