Дневен ред на 22-та седница на Советот

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   22-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 15.11.2010 година (понеделник) во 14 часот.

Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записникот од  21-та седница на Советот.

1.  Презентација  на физибилити студија и ревидирани идејни проекти за изградба на мали хидроцентрали на цевководот за водоснабдување „Калин камен “ – главен резервоар Општина Крива Паланка и цевководот Станци – Фабрика за вода Општина Крива Паланка;

2. Предлог – Одлука за усвојување на физибилити студија за изградба на мали хидроцентрали на цевководот за водоснабдување „Калин камен “ – главен резервоар Општина Крива Паланка и цевководот Станци – Фабрика за вода Општина Крива Паланка;

3. Предлог – Одлука за усвојување на ревидирани идејни проекти за изградба на мали хидроцентрали на цевководот за водоснабдување „Калин камен “ – главен резервоар Општина Крива Паланка и цевководот Станци – Фабрика за вода Општина Крива Паланка;

4. Предлог -Одлука за изменување на Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Крива Паланка;

5. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работата на ЈП „Комуналец“ за период од 01.01. до 30.06.2010 година

6. Предлог – Одлука за проширување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2010 година;

7. Предлог – Одлука за пренамена на средства на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2010 година;

8. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за III квартал во 2010 К-1 и К2;

9. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетски календар за 2011 година;

10. Предлог – Одлука за утврдување на постапка за прекопување на јавни површини и начинот на доведување на јавните површини во првобитна состојба;

11. Предлог – Одлука за измени на Одлуката за давање приоритети на проект за “Рехабилитација“ и подобрување на локалните патишта на подрачјето на Општина Крива Паланка;

12. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалната патна мрежа во Општина Крива Паланка за 2011 година;

13. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна мрежа во Општина Крива Паланка за 2011 година;

14. Предлог – Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Крива Паланка за 2010 – 2011 година;

15. Предлог – Програма за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување во Општина Крива Паланка за 2011 година;

16. Предлог – Програма за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во  Крива Паланка за 2011 година;

17. Предлог – Програма за одржување на јавна чистота во град Крива Паланка за 2011 година;

18. Предлог – Одлулката за усвојување на Програма за изработка на уарбанистички планови и локална урбанистичка планска документација во Општина Крива Паланка за 2011 година;

19. Предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

20. Предлог – Одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

21. Предлог – Решение за именување  член на Управниот одбор на Здравствен дом „Акад.проф.Д-р.Димитар Арсов“-Крива Паланка;

22.Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Претседател,

Миле Милковски

Големина на фонт
Контраст