Врз основа на член 78 од Изборниот Законик („Службен весник на Република Македонија“40/2006, 127/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 31/2015, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016 “) и Одлуката за утврдување на места на кои можат да се истакнувааат изборни плакати бр.09-3130/109 од 07.11.2016 општина Крива Паланка, утврди:
У С Л О В И
ЗА ДОБИВАЊЕ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ИСТАКНУВААТ
ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ
(за локални избори 2017 година)
1.Место за бесплатно истакнување на изборни плакати на локации утврдени од страна на општината, може да добие секоја регистрирана политичка партија самостојно, коалиции, како и група избирачи (во понатамошниот текст: подносител на листа) врз основа на поднесено барање до општина Крива Паланка. Со барањето треба да се достави и полномошно (овластување) за поднесување на барањето издадено од подносителот на листата.
2. Редоследот на местата за истакнување плакати, ќе бидат поделени по пат на ждрепка спроведена од страна на комисија составена од административни службеници од општината, а на која ќе учествуваат овластени лица од подносителите на листи. Ждрепката ќе се изврши по објавување на утврдените листи од страна на надлежната изборна комисија. За денот на ждрепката, организаторите на изборната кампања ќе бидат известени преку Веб –страната на Општина Крива Паланка. По спроведување на ждрепката ќе се изготви записник со утврден редослед на местата за истакнување на плакати кој ќе биде потпишан од членовите на комисијата, како и од овластените представници на подносители на листи. Заверен примерок од записникот ќе им биде даден на сите овластени представници и врз основа на истиот може да почнат со истакнувањето на плакати на одредените места.
3.Поставување на друг рекламен изборен материјал (банери, рекламни паноа, билборди и сл.) ќе се врши врз основа на издадено одобрение од Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина за поставување на урбана опрема според пропишана постапка и уплата на соодветен надоместок утврден од страна на општината. Притоа, ќе се води сметка за правична распределба на локациите за поставување, по пат на ждрепка спроведена од горенаведената комисија.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА