Согласно со т.2 од „Условите за добивање на места на кои може да се истакнуваат изборни плакати“ објавени на Веб страната на општина Крива Паланка на 10.08.2017 год., се известуваат подносителите на листи дека ждрепката за редоследот на местата ќе биде спроведена на ден 22.09.2017 год во 13,оо часот.
Се повикуваат заинтересираните подносители на листи да достават барање и соодветно овластување (полномоштво) за учесниците во жребувањето до архивата на општина Крива Паланка, најдоцна до 12,оо часот на 22.09.2017 год.
Ждребувањето ќе биде спроведено од страна на Комисија од вработени лица во простории на Општина Крива Паланка и за истото ќе биде изготвен соодветен записник потпишан од членовите на Комисијата и овластените представници.
Известувањето ќе биде објавено на Веб страната на општина Крива Паланка.
Од Комисијата за извлекување на ждрепка