Честитка по повод Светскиот ден на учителот

По повод 5-ти Октомври светскиот ден на учителот, градоначалникот на општина Крива Паланка г.Арсенчо Алексовски упати честитка до училиштата, градинката и домот за ученици во Крива Паланка.

Почитувани,

Чест ми е да Ви го честитам Светскиот ден на учителот 5-ти Октомври, и да Ви посакам уште поголем успех и дострели во доменот на Вашето работење.

Вашата основна задача, во современото сфаќање на наставата, е насочување на учениците во учењето, преку давање на знаења, но истовремено, Вие сте и истражувач, иноватор на наставниот процес и наставните содржини и самостојната работа. Вие го оценувате и ангажаманот и знаењето на учениците.

Со едукација на учениците и Вашата работа, Вие допринесувате учениците да станат полни со знаење и умеење и сте нашиот основен линк и алатка со која ќе го градиме општеството. Вие ги подготвувате и настојувате да бидат спремни за да нашата земја Република Македонија, има уште подобри и поуспешни кадри, кои ќе се вградат во општествените и други збиднувања во Локалната самоуправа и државните органи, кои ќе придонесат таа да биде уште побогата,  понапредна и поубава земја, земја за пример на целиот свет.

Вашата благородна професија го едуцира населението, почнувајки од најмали нозе и го опремува човекот за „патот“ низ животот. Вашата света должност е да го продолжите процесот што со векови успешно се остварува на македонската почва и со тоа да ја означите перспективата на прогрес заснован на знаење, да дадете визија на секоја млада единка за успешна лична и општествена иднина.

Со искрени желби и честитки!

Градоначалник,
Арсенчо Алексовски

 

Големина на фонт
Контраст