Врз основа на член 24 став 2 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05; 137/07 и 91/09), Градоначалникот на општината Крива Паланка го дава следното
Соопштение
За организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт Деталниот урбанистички план за урбан модул „Стар Пролетер“
Јавната анкета по Нацрт-Деталниот урбанистички план за урбан модул „Стар Пролетер“ ќе се одржи од 29.11.2010 година до 15.12.2010 година во просториите на архивата на општината Крива Паланка секој работен ден од 08,00-16,00 часот.
Нацртот на горенаведениот план ќе биде изложен и во просториите на Домот на Културата во Крива Паланка.
Јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за урбан модул „Стар Пролетер“ во Крива Паланка ќе се одржи на ден 06.12.2010 година со почеток во 13,оо часот во малата сала на општината Крива Паланка.
Просторот за кој се однесува Нацрт-Деталниот урбанистички план за у.м.„Стар Пролетер“ во Крива Паланка ги опфаќа следните граници:-„Започнува од крстосницата на улиците „Св.Јоаким Осоговски“ и „17-та Македонска ударна бригада“, оди на запад по улицата „Св.Јоаким Осоговски“ и доаѓа до улицата „д-р Наско Тамбурков“(влез во здравствен дом во Крива Паланка), продолжува по улицата и доаѓа до пешачката патека, оди по патеката кон југоисток завршно со К.П. бр.3975 и доаѓа до улицата „д-р Наско Тамбурков“ ,свртува кон североисток, оди по улицата и доаѓа до улицата „17-та Македонска ударна бригада“, свртува кон север и доаѓа до крстосницата со ул.„Св.Јоаким Осоговски“ до почетната точка.
Површината на опфатот на Нацрт-Деталниот урбанистички план за урбан модул „Стар Пролетер“ во Крива Паланка изнесува 2,3 ха.
Анкетните листови за учество во Јавната анкета ќе се наоѓаат во архивата на Општина Крива Паланка и во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови.