Секој вторник – приемен ден со претседателот на Совет на Oпштина Крива Паланка

Општина Крива Паланка отпочна со воведување на праксата за транспарентно и услужно работење и отворени денови на председателот на Советот.

Секој вторник од 11 до 13 часот во локалната канцеларија во општината, претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска има приемен ден за граѓаните.

– Ветивме и исполнуваме, нова пракса за транспарентно, чесно и одговорно работење. Ќе бидеме отворени за соработка, достапни за граѓаните за да ги слушнеме нивните барања и предлози и во континуитет ќе ги решаваме заедно со градоначалникот, Советот и општинската администрација – рече  Изабела Павловска,  претседателот на Советот на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст