Известување за зимско одржување

Се известуваат граѓаните на Општина Крива Паланка дека од 15.11.2017 год. започна сезоната на редовно зимско одржување на регионалните и локалните улици и патишта на територијата на Општината.

За таа цел се молат граѓаните кои имаат оставено хаварисани возила, приколки, огревни дрва, песок и др. материјал, веднаш да ги отстранат истите од тротоарите и коловозните површини за да може непречено да проаѓаат возилата и механизацијата за зимско одржување. Исто така се апелира до возачите да не ги паркираат возилата кои секојдневно ги користат на места кои ќе го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и пристапот на возилата за одржување.

Во тек е контрола на моменталната состојба од надлежните служби МВР-ПС Крива Паланка и Општинските инспекциски служби и несовесните граѓани кои нема да постапат според горенаведеното се соочуваат со можни санкции согласно законот.

При евентуална штета настаната од возилата за зимско одржување врз непрописно паркирани возила, нема да се врши надокнада на истата од страна на операторот ЈП Комуналец и Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст