Дневен ред на 24-та седница на Совет

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   24-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 24.12.2010 година (петок) во 12 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

1. Новогодишно обраќање на Градоначалникот на Општина Крива Паланка;

2. Предлог – Програма за енергетика на Општина Крива Паланка за 2011 година;

3. Предлог –Програма за развој на информатичко-комуникациската технологија на Општина Крива Паланка за 2011 година;

4. Предлог – Програма за активностите на Општина Крива Паланка во областа на локалниот економски развој за 2011 година;

5. Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Крива Паланка за 2011 година;

6. Предлог – Програма за реализација на елаборатот за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје во градот Крива Паланка за 2011 година;

7. Предлог – Локална ИКТ стратегија на Општина Крива Паланка;

8. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка од областа на образованието за 2011 година;

9. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка од областа на спортот;

10. Предлог – Програма за активности на Општина Крива Паланка од областа на културата;

11. Предлог – Одлука за усвојување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

12. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;

13. Предлог – Одлука за распределба на средства од блок дотации за 2011 година;

14. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за јавно осветлување на Манастир „Св.Јоаким Осоговски“ и Црквата „Св.Димитрија“ – Крива Паланка;

15. Предлог – Одлука за утврдување на локална урбанистичка планска документација на к.п.бр. 2474 во КО Мождивњак Општина Крива Паланка;

16. Предлог – Одлука за одобрување на Локална урбанистичка планска документација за уредување и користење на к.п.2336/1 во КО Конопница;

17. Предлог – Одлука за одобрување на локална урбанистичка планска доклументација за уредување и користење на к.п.бр. 591 во КО Станци;

18. Предлог – Одлука за одобрување на локална урбанистичка планска документација  на к.п.2594 и к.п.4596 во КО Крива Паланка;

19. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка;

20. Прредлог – Иницијатива за измени и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка:

21. Предлог – Статутарна одлука за измени на Статутот на Општина Крива Паланка:

22. Предлог – Правилник за организирање и одржување на форумите на заедниците во Општина Крива Паланка;

23. Предлог – Правилник за јавност во работата на Општина Крива Паланка;

24. Предлог – Одлука за утврдување на надомест на членови на Комисијата за мислење по Нацрт-планови и одобрување на локална урбанистичка планска документација;

25. Предлог – Програма за имплементација на декадата на ромите во Крива Паланка за период од 2011-2013 година;

26. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за имплементација на декадата на ромите во Крива Паланка за период од 2011 – 2013 година;

27. Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Крива Паланка ;

28. Предлог – Одлука за давање  согласност за аплицирање  на проект „ Крива Паланка енергетски ефикасна Општина – успешна Општина“;

29. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат од Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во Општина Крива Паланка;

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Претседател,

Миле Милковски,с.р.

Големина на фонт
Контраст