Во насока на зголемување на транспарентноста, отвореноста и достапноста, Општина Крива Паланка на 15 декември 2017 година (петок) од 11.00 до 13.00 часот организира „Отворен ден за граѓаните на општина Крива Паланка“.
Своите сугестии, предлози, прашања и идеи сите заинтересирани граѓани ќе можат да ги претстават пред градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, и пред раководителите на општинските одделенија. Општинската администрација ќе ги евидентира предлозите и иницијативите и ќе одговара на прашања од областа на урбанизмот, комуналните работи, локалниот економски развој, образованието, социјалната заштита, културата, инспекциското работење, финансиите и нормативно-правните работи.
Општина Крива Паланка ги повикува граѓаните да ја искористат можноста за непосредно учество во креирањето на политиките на локалната самоуправа и во подобрување на живеењето во сите сегменти.