Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година изнесува 331.305.388 денари.Приходниот дел ќе се обезбедува од даночни, неданочни и капитални приходи, потоа приходи од дотации, трансфери и од донации.
Општина Крива Паланка ќе инвестира во областа на животната средина, урбанистичкото планирање, поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот и во останатата комунална инфраструктура.
Посебен акцент и вложување на општинските средства во следната година ќе се даде во изградбата и реконструкцијата на водоводни системи и замена на цевковод при што се издвоени средства во висина од 44.800.000 денари за период од три години.
- Буџет 2011 – Биланс на приходи
(Буџет 2011 – Биланс на приходи.pdf) - Буџет 2011 – Биланс на расходи
(Буџет 2011-Биланс на расходи.pdf) - Буџет 2011- Посебен дел
(Буџет 2011 -Посебен дел.pdf)