Оглас за продажба на употребени движни ствари

Врз основа на член 36 од Одлуката за користење и располагање со стварите на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 8/10) и Одлуката за продажба на недвижни и движни ствари бр. 03-157/1 од 18.01.2010 година, донесена од Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Комисијата за располагање со недвижни и движни ствари во сопственост на Општина Крива Паланка, објавува

О  Г  Л  А  С
За продажба на употребувани движни ствари
по пат на јавно наддавање

Предмет  на јавно наддавање се употребувани движни ствари – керамиди на ООУ „Илинден“ – ПOOУ с. Конопница – Крива Паланка, поради реконструкција на кровот на училиштето.

Керамидите ќе бидат изложени во дворот на Подрачното општинско основно училиште во с. Конопница на денот на наддавањето со истакната утврдена почетна цена.

Јавното наддавање ќе се изврши на 21.01.2011 година во 10,00 часот.

На наддавањето можат да учествуваат правни и физички лица.

Најповолниот понудувач е дожен на денот на надавањето да ја уплати постигнатата излицитирана цена на движната ствар, за да може истата да ја подигне.  

  

         Комисија за располагање  со невижни и движни ствари                                                             

                            

                                                                       

                                                                     

 

 

Големина на фонт
Контраст