Врз основа на член 37, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 3 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 7-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 26.01.2018 година (петок) во 14,00 часот.
Дневен ред
Усвојување на записник од 6-та седница
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за одржување на јавни зелени површини во градот Крива Паланка за 2017 година на ЈП Комуналец
- Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за реализација на годишна програмата за јавна чистота за 2017 година на ЈП Комуналец
- Предлог – Одлука за определување надоместок за одржување на јавни површини во град Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за усвојувањ е на Одлуката за утврдување на цените на комуналните услуги на ЈП Комуналец –Крива Паланка
- Предлог –Одлука за усвојување Програма за управуавње со отпад на Општина Крива Паланка за 2018 година
- Предлог – Одлука за формирање Комисија за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти;
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2017 година – Крива Паланка;
- Предлог – Иницијатива за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за прифаќање на иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Статутарна Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општина Крива Паланка;
- Пречистен текст на Статутот на Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за изменување на Правилата за работа на облиците на месна самоуправа на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Решение за разрешување членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за распишување јавен повик за предлагање на кандидати за избор на членови на Совет на млади на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2502 во КО Конопница Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 4522/3 во КО Крива Паланка Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 41/2 и к.п.бр.42во КО Крива Паланка Општина Крива Паланка
- Предлог-Одлука за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Крива Паланка
- Предлог-Програма за работа на советот на Општина Крива Паланка за 2018 година
- Предлог –Одлука за усвојување на Дополнување на Програма за работа на ООУ „Јоаким Крчовски “ – Крива Паланка за учебната 2017/2018 година
Ве молиме за присуство на седницата во салата за наставници во ООУ Илинден.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р.