Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 9-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 14.03.2018 година (среда) во 15,00 часот.
Дневен ред:
Усвојување на записник од 8-та седница
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за работа на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ЈП „Комуналелц“ Крива Паланка за 2017 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2019 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2018 година на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка;
- Предлог –Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Крива Паланка;
- Предлог – Решение за разрешување член на Одборот за контрола на материјално-финансово работење на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка;
- Предлог – Решение за именување член на Одборот за контрола на материјално-финансово работење на ЈП „Комуналелц“ – Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за редовно ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Крива Паланка од сите ризици и опасности;
- Предлог-Одлука за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Источниот и Североисточниот регион од страна на Владата на Република Македонија
- Предлог-Одлука за давање согласност и гаранција за реализација на проект за заедничка набавка преку АСКОМ Скопје на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка;
- Предлог-Одлука за усвојување на Програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2018 година;
- Предлог – Одлука за давање приоритет за аплиција на проектот „Канализавија за отпадни води за дел од с.Конопница“,Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за аплицирање на проект „Создавање на предуслови за развој на туризмот и мобилост во село Станци преку изработка на проектна документација за патна инфраструктура и уредување на Станачки водопади“ во Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за аплицирање на проект „Создавање на предуслови за развој во село Дурачка Река преку изработка на проектна документација за патна инфраструктура“ во Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка:
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2495 во К.О. Габар, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 392 во К.О. Мождивњак, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2423/1 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1425 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1166/1 во К.О. Дурачка Река, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 2430/1 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1541 во К.О. Добровница, Општина Крива Паланка;
- Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 4561/2 во К.О. Крива Паланка , Општина Крива Паланка;
Седницата ќе се одржи во салата за наставници во во СОУ Ѓорче Петров.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р.