Дневен ред на 27-та седница на Совет

 

Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка  с в и к у в а   27-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 14.03.2011 година (понеделник) во 12 часот. Седницата ќе се одржи со следниот

Д н е в е н   р е д:

Усвојување на Записник од 25-та  и  26-та седница на Советот.

1. Предлог – Решение за верификација на мандат на член на Совет на Општина Крива Паланка;

2. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К-1 и К2 за IV квартал во 2010 година;

3. Предлог – Одлулка за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2010 година;

4. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен извештај по Завршна сметка на Општина Крива Паланка за 2010 година;

5. Информација за проектот Изградба на минихидроцентрали на цевководот Калин Камен – Крива Паланка и цевководот Станци – Крива Паланка;

6. Предлог – Заклучок по Информацијата за проектот Изградба на минихидроцентрали на цевкодот Калин Камен – Крива Паланка и цевководот Станци – Крива Паланка;

7. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште;

8. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на СОУ „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за 2010 година;

9. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Јоаким Крчовскли“ – Крива Паланка за 2010 година;

10. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2010 година;

11. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка за 2010 година;

12. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на  Дом за ученици „Боро Менков “ – Крива Паланка за 2010 година;

13. Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ – Крива Паланка за 2010 година;

14. Предлог – Решение за разрешување член на ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Палнка;

15. Предлог – Решение за именување член на ОУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка;

16. Предлог – Одлука  за разрешување на лице задолжено за раководење на Л.У Градски музеј – Крива Паланка;

17. Предлог – Одлука за именување на лице задолжено за раководење на Л.У Градски музеј – Крива Паланка;

18. Предлог – Одлука за ослободување од уплата на средства за приклучок на водоводна и канализациона мрежа на Јавно претпријатие за стопансиување на станбен и деловен простор на Република Македонија;

19. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови и локална урбанистичка планска документација за Општина Крива Паланка за 2010 година;

20. Предлог – Одлука за утврдување на границите за кои постојат потенцијално нестабилни зони во град Крива Паланка;

21. Предлог – Одлука за организирање на работното време во угостителските објекти  во Општина Крива Паланка;

22. Предлог – Решение за именување член на Комисијата за меѓуопштинска и меѓународна соработка;

23. Предлог – Решение за именување член на Комисијата за финансии и локален економски развој;

24. Предлог – Решение за именување член на Комисијата за јавни дејности;

25. Предлог – Решение за именување на член на Комисијата за комунални работи и сообраќај;

26. Предлог – Решение за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка;

27. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување во Општина Крива Паланка за 2010 година;

28. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка;

29. Предлог – Одлука за формирање на постојано заедничко  работно тело;

30. Предлог – Одлука за воспоставување на Меѓуопштинска соработка;

31. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и заштита на локална патна мрежа за 2010 година;

32. Предлог – Одллука за усвојување на Извештај по Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Крива Паланка за 2010 година.

Совет на Општина Крива Паланка
Претседател,
Милка Митовска

 

 

Големина на фонт
Контраст