Јавна благодарност до учесниците во еколошката акција „Почиста животна средина за подобра иднина“

Градоначалникот на Општина Крива Паланка  Борјанчо Мицевски јавно им се заблагодарува на сите учесници во еколшката акција „Почиста животна средина  за подобра иднина“ која се одржа во саботата на 17 март 2018 година.

Посебна благодарност и пофалба заслужуваат младите од училиштата.

Исто така  голема благодарност и до администарацијата и сите граѓани кои се вклучија во акцијата, кој број се надеваме дека со секоја наредна акција се повеќе ќе се зголемува бидејки ова што го правиме го правиме за сите нас.

Голема благодарност и до вработените од Јавното претпријатие „Комуналец“ кое ќе продолжи со активностите за подобрување на јавната чистота и во наредниот период  се со цел да го направиме ова наше мало градче на две реки „зелено и чисто – урбано место за живеење“.

Ве известуваме дека во акцијата се соберени  околу 50 м3 на отпад кои се депонирани во комуналната депонија. Исчистени се депониите покрај локалните патишта кон село Градец и Варовиште, во населба Единство, а во завршна фаза е чистењето на депониите над улица Осоговска и во Дреначка маала. Од јавните уредени и неуредени површини од страна на учесниците во акцијата соберени се околу 350 најлонски вреќи на отпад.

Паралелно со ова на местата каде се создаваат депонии во текот на наредната недела ќе бидат поставени и табли со назнака „Забрането фрлање на отпад  на јавна површина“ со цел елиминирање на создавањето на диви депонии во градот и приградските населби.

Ги известуваме сите граѓани дека можат да пријават постоење или создавање на  депонија во ЈП „Комуналец“ на телефон 031-375-100, од 7 до 15 часот  секој работен ден, каде може да се побара и поставување на садови за отпад.

Воедно апелираме до сите граѓани да ја одржуваат чиста површината пред своите објекти и во своите дворови. Комуналните редари и инспекциската служба ќе спроведуваат неделни контроли во секоја населба  при што на лицата кои нема да ги почитуваат укажувањата  ќе им изрекуваат усни и писмени опомени, а за несовесните лица и соодветни мандатни казни.

 

Големина на фонт
Контраст