Почитувани сограѓани !
На ден 30.03.2018 год. Општинскиот штаб за заштита и спасување итно одржа состанок и ја разгледа состојбата по обилните врнежи на дожд во изминатиот период и активирање на постојните свлечишта на локалниот пат с.Дурачка Река – с. Станци – маала Метoв – с.Дренак (кај м.в. Видња) и на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и донесе повеќе заклучоци и препораки меѓу кои:
- Донесен е заклучок за целосно затварање на стариот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ и препорака за користење на алтернативниот локален пат- Руски пат;
- За свлечиштето на локалниот правец Дурачка Река – село Станци – маала Метов – с.Дренак (кај м.в. Видња) се препорачува:
- Целосна забрана на патниот правец за тешки товарни возила;
- Движењето на лесни моторни возила е во случај на ургентна и неопходна потреба;
Напоредно преку месните заедници се преземаат мерки за информирање на месното население: од селaта Дурачка Река , Станци и Дренк.
Упатени се известувања до сите надлежни институции: ПС од општа надлежност, локалните такси компании и останати субјекти.
Се молат сите граѓани да ги почитуваат сите предупредувања, препораки и поставена сообраќајна сигнализација.
За не почитување на овие укажувања Општината и надлежните институции нема да сносат никаква одговорност!
Напоредно на претходно кажаното преку надлежните институции Општината ќе бара можности за пробивање на нов алтернативен пат.