Почитувани сограѓани,
Ми претставува чест и задоволство од мое лично име и од име на општинската администрација на Крива Паланка, на сите граѓани – православни верници, да ви го честитам величественото Христово воскресение и ви пожелувам мир и спокојство во вашите семејства, благодет и просперитет во работата, финансиска добросостојба, како и успех во реализирањето на вашите идни планови. Во духот на христијанската вера да се поклониме пред заветот на нашата религија, како светол патоказ на патот од нашето живеење.
Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден нека ни биде поттик за верба во вистината и правдата, во трпението и милосрдието, да живееме во верата со добри дела и нека ни дава сила да се справиме со искушенијата, да се почитуваме и да ја градиме подобрата иднина за сите нас.
Нека е честит големиот ден ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО- ВЕЛИГДЕН !