Продолжува акцијата за расчистување на јавните површини од оставени нерегистрирани и неисправни возила и делови од возила

Одделението за инспекциски надзор продолжува со втората фаза на  активности за расчистување на јавни уредени и неуредени површини во градот и приградските населби од оставени нерегистрирани, неисправни, хаварисани возила, приколки за возила и делови за возила кои го завземаат и онака малиот простор за паркирање, го попречуваат движењето на сообраќајот и го  нарушуваат естетскиот лик на  просторот  на јавните површини.

Согласно член 14 од Законот за јавна чистота ( Службен весник на РМ  бр.111/08 и 130/10)  заради обезбедување на јавна чистота на јавните површини забрането е оставање на нерегистрирани, неисправни и хаварисани возила, приколки и делови од возила.

Согласно членовите 292 и 293 од Одлуката за комунален ред и нејзино спроведување  (Службен гласник на Општината бр.6/13) отстранувањето на наведениот вид на возила  е должност на сопствениците односно носителите на правото на користење на возилата.

Ако возилото не го отстрани сопственикот  односно носителот на правото на користење на возилото, против истиот ќе се покрене барање за прекршочна постапка за изрекување на соодветна  казна согласно на наведениот Закон  за јавна чистота, додека  отстранувањето на возилото ќе го изврши овластено лице  по налог издаден од комуналниот инспектор. Во овој случај покрај казната за сторено недеозволено дејство, трошоците за отстранување како и  трошоците за чување на возилото ќе бидат на сметка на сопствениците односно носителите на правото на користење на возилата.

Во изминатиот месец од страна на општинскиот комунален инспектор на пронајдени сопственици издадени се 25 Решенија за отстранување  на наведениот вид на возила на јавни површини  при што се отстранети  19 возила, а за 6 возила се води постапка. Во тек е постапка на пронаоѓање на сопственици на уште 25 евидентирани и фотографирани возила кои се наоѓаат на јавни површини, дел од нив се прикажани  во галеријата  на слики,  а дел ќе бидат накнадно објавени.

 

Големина на фонт
Контраст