Рударскиот Институт – Скопје на 15.03.2011 година ги отпочна истражните работи во реонот „ЛУКЕ“ . Во оваа фаза ќе се вршат геодетски мерења и одбележувања на теренот и геофизички испитувања. При овие мерења и испитувања нема да се врши никаква деградација на теренот и шумата, не се користи вода, дизел опрема и нема ископи или оштетување на теренот. Испитувањата ќе се вршат со инструменти и апарати и ќе траат наредните 4-5 месеци.
Во прилог е дадено известувањето од РИ ЕНЕРГЕТИКА до Градоначалникот.