До органите на Општината Крива Паланка пристигнаа поплаки од граѓани за узурпирани тротоарски и пешачки површини како на главната, а посебно на магистралната улица. Надлежните комунално- редарски служби од општината во изминатите денови извршија контрола и увид на состојбата и констатираа дека граѓаните со право реагираат бидејќи на тротоарскиот дел од магистралната улица кој служи за движење на пешаците на неколку места се паркирани моторни возила кои претставуваат пречкa за движењето на пешаците, како и претставуваат сериозна опасност за безбедност на сообраќајот бидејки ја покриваат прегледноста на сообраќајот. Посебна опасност претставува паркирањето на моторни возила, за жал товарни на тротоарската површина под и пред големиот мост.
Од страна на комунално редарската служба опоменати се пералните на возила кои се наоѓаат покрај магистралната улица дека несмејат да ги паркираат возилата на тротоарските површини, а во тек е изнаоѓање и известување на сопствениците на товарни возила кои се оставени под и пред големиот мост
Според Законот за безбедност на сообраќајот, возачите несмејат да ги оставаат возилата на места каде не е дозволено и каде истите претставуваат пречка и опасност. Заради тоа на секој сопственик на затекнато паркирано или оставено моторно возило на тротоарска површина ќе му биде изречена содветна казна согласно на законот.