Известување за градежни активности на улица 8 Октомври

 Почитувани граѓани,

Во тек е реализацијата на проектот „Реконструкција на дел од водоводна мрежа во град Крива Паланка“ (замена  на азбестни водоводни цевки со полиетиленски водоводни цевки).

Со техничката документација од проектот е предвидено да се изврши реконструкција на дел од водоводната мрежа со замена на постоечките азбест-цементни цевки на водоводната мрежа на Крива  Паланка на повеќе улици во централниот дел од градот со вкупна должина од 2844 м. и тоа на делови и краци од улиците Моша Пијаде, Партизанска, Херој Карпош, 8 Октомври, 11 Октомври и Борис Кидрич.

Ве известуваме дека почнувајки од 17.05.2018 год. ќе се работи на дел улицата 8-ми Октомври на потегот од приклучокот со ул. Св. Јоаким Осоговски кон Маневски мост во должина од околу 700 м.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за отежнатото одвивање на сообраќајот на овој дел од улицата во текот на градежните работи и да ги отстранат паркираните возила од коловозот.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст