Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин од Скопје во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува граѓаните активно да се вклучат во глобалната акција за мапирање на диви депонии, користејќи ја едноставната апликација за мапирање World Cleanup.
Акцијата се спроведува во пресрет на 15 септември 2018 година, Светски ден на чистење, кога милиони волонтери во мрежа од 150 земји ќе се обединат да го чистат светот во еден ден.
Акцијата за мапирање трае до средина на месец август, по што би следел процес на избор на локации за чистење и понатамошна организација и логистика.
Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате! www.worldcleanupday.org/get-the-app
Побарајте места со многу расфрлано ѓубре во вашето соседство или во природата околу вас и обележете ја нивната локација на едноставната апликација за мапирање.
На следниот линк може да се погледне упатство за користење на апликацијата. https://www.youtube.com/watch?v=aHWnyqSq0h4&feature=youtu.be
Повеќе информации можете да најдете на веб-страна www.gogreen.mk и на официјалниот Facebook настан: www.facebook.com/events/237563796988457.