Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 25.06.2018 година (понеделник) во 15.00 часот.
Дневен ред
Усвојување на записник од 11-та седница
- Предлог-Утврдување на листа на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Крива Паланка
- Предлог –Одлука за изменување на име на инфраструктурни објекти
- Предлог-Решение за именување на член на Управниот одбор на ЈП Комуналец –Крива Паланка
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП Калин Камен
- Предлог – Одлука за за исплата на парични сретства за Организирање на отворени забавни фудбалски школи во Општина Крива Паланка за 2018 година
- Предлог –Одлука за субвенционирање на превоз на студенти за студиска 2018/2019 кои студират на државните универзитети во Скопје и Штип, се жители на Општина Крива Паланка
- Предлог- Одлука за доделување на стипендии за подршка на млади таленти во област на спортот од Општина Крива Паланка
- Предлог – Правилник за условите, критериумите и правилата за доделување на стипендии за подршка на млади таленти во област на спортот од Општина Крива Паланка
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за востановување на општински признанија и награди
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 1065 во К.О. Мождивњак, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п. бр. 16 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 1092/3 и дел од к.п.бр.1134 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог -Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за кп. бр. 7240 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;
- Предлог –Одлука за партерно уредување на јавна површина на КП 742 за КО Крива Паланка
- Предлог –Одлука за давање приоритет за апликација на подпроекти
- Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка за 2018 година
- Предлог -Одлука за давање согласност на Одлуката на УО на ЛУ Градски Музеј за подготовка, аплицирање и имплементација на проектот: „Културното и природното наследство – мост меѓу поколенијата“
- Предлог – Одлука за давање на користење недвижен имот-објект во с.Трновo, сопственост на Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за давање на користење недвижен имот-објект во с.Огут, сопственост на Општина Крива Паланка
- Предлог – Одлука за давање на користење недвижен имот-објект во с.Жидилово, сопственост на Општина Крива Паланка
- Предлог-Одлука за давање на согласност за вршење на промена на Фондацијата за развој на информатичките технологии – ИНФОРМАТИЧКИ ЦЕНТАР -Крива Паланка
- Предлог-Одлука за одобрување на финансиски придонес за предлог потпроектот Крива Паланка-Источна порта кон Европа (Фестивалска Туристичка Атракција)
- Предлог – Одлука за прифаќање на барањето на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка за асфалтирање на површините околу објектот „Пролетна роса“ на ул. Свети Јоаким Осоговски
Ве молиме за присуство на седницата во салата за наставници во СОУ Ѓорче Петров.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Изабела Павловска ,с.р.