Врз основа на член 35 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр. 5/08), претседателот на Советот на Општина Крива Паланка свикува 28-та седница на Советот на Општина Крива Паланка за 15.04.2011 година (петок) во 14 часот. Седницата ќе се одржи со следниот
Д н е в е н р е д:
– Усвојување на Записник од 27-та седница на Советот.
1. Обраќање на Градоначалник;
2. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;
3. Предлог – Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Крива Паланка за 2011 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Планот за создавање на технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци:
5. Предлог – Одлука за усвојување на Правилникот за технички и организациони мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Правилникот за определување на обврските и одговорностите на корисниците при користење на документите и информатичко-комуникациската опрема:
7. Предлог – Одлука за усвојување Правилник за пријавување, реакција и санирање на инциденти;
8. Предлог – Одлука за усвојување на Правилник за начинот на правење на сигурносна копија, архивирање и чување како и за повторно враќање на зачуваните лични податоци:
9. Предлог – Одлука за усвојување на Правилник за уништување на документите како и за начинот на уништување, бришење и чистење на медиуми;
10. Предлог – Одлука за усвојување на упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење на обработка на личните податоци и за пренесување на медиуми надвор од работните простории на Општина Крива Паланка;
11. Предлог – Одлука за усвојување на упатство за начинот на водење евиденција за лица овластени за вршење на обработка на личните податоци;
12. Предлог – Одлука за усвојување на Упатството за начинот за водење евиденција за личните податоци кои се дадени на користење
13. Предлог – Одлука за давање согласност за учество во Програмата, „Форуми во заедницата“ и финансиско учество на Општина Крива Паланка;
14. Предлог – Одлука за започнување на јавно приватно партнерство;
15. Предлог – Одлука за давање на согласност за имплементација на проект „Туризам без граници“;
16. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2011 година;
17. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за измена и дополнување на Елаборат за режимот на сообраќај во поширокото централно подрачје на град Крива Паланка;
18. Предлог – Одлука за усвојување на Основен сообраќаен проект за поставување на три (3) технички средства за забавување на сообраќајот на локалитет кај спортско рекреативниот центар во Крива Паланка;
19. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во Општина Крива Паланка за 2011 година;
20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од изработка на локална урбанистичка планска документација за к.п.бр. 210 КО Варовиште – Крива Паланка;
21. Предлог – Одлука за усвојување Програма за третиот меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“- 2011 година;
22. Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за реализација на Програмата за социјална заштита за 2011 година;
23. Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2011 година;
24. Предлог – Мислење за изведување на ученички екскурзии за учениците од основното образование;
25. Информација од ПС ОН Крива Паланка за безбедносната состојба во областа на јавната безбедност во второто полугодие од 2010 година;
26. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај по Програмата за изградба, реконструкција и одржување на локална водоводна мрежа за 2010 година;
27. Советнички прашања.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Милка Митовска