Им се соопштува на сите заинтересирани правни и физички лица од општина Крива Паланка дека на ден 18.04.2011 година (понеделник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи јавна презентација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.
На јавната презентација ќе присуствува директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, г. Сашо Дуковски и претставници од Министерството за транспорт и врски.
Јавната презентација ќе се одржи во кино салата на Националниот центар за култура во Крива Паланка.
Сите заинтересирани правни и физички лица можат да присуствуваат на јавната презентација.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски