Почитувани,
Ве известиваме дека на ден 13.07.2018 година (петок) од 11.00 часот, градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски заедно со министeрот за транспорт и врски Горан Сугарески, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ќе направат обиколка на активностите кои се однесуваат на реконструкција на водоводната мрежа во општина Крива Паланка и реконструираниот регионалниот пат Р 2245 (Крива Паланка – с. Огут).
Вкупната должина на реконструкцијата и проширувањето што ја опфаќа овој регионален пат изнесува 6 километри. Инвеститор е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ЈП Македонија пат. Станува збор за инвестиција вредна 12. 000 000 денари за водоводната мрежа и 15.000 000 денари за реконструкција на патот.
Општина Крива Паланка