Советот на Општина Крива Паланка донесе одлука за бесплатно користење на јавните површини за време на претстојните празници

На 13-тата седница  Советот на Општина Крива Паланка донесе одлука за бесплатно користење на јавните површини за време на претстојните празници од 24-29 август. За таа цел се одредени локации кои по јавното објавување ќе бидат распределени на принципот прв пријавен, прв услужен. Повикот важи за сите регистрирани субјекти во сфера на угостителството и трговијата, од општината, но и од соседните општини.

Само како напомена во текот на овие неколку дена ќе се одвиваат поголем број на културни манифестации: Меѓународен фолклорен фестивал, Џојфест со гостување на Рибља Чорба, гостување на Јелена Томашевиќ, централна прослава за денот на рударите, празнување на  Голема Богородица и Свети Јоаким Осоговски.

Пријавување во Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина во Општина Крива Паланка.

одлука за бесплатно користење на јавните површини за време на претстојните празници од 24-29 август

Големина на фонт
Контраст